• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Фото галерија од ревијата „Паралела помеѓу денешната мода и Ала Франга“


НУ Музеј Куманово в петок гостува во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија со ревијата „Модните трендови и културата на живеењето од Ала Франга до современата мода“. На отворањето на изложбата предвидено е обраќање на директорот на КИЦ во Софија, Васко Шутаров и на директорот на НУ Музеј-Куманово, Анита Цветановска. Манифестацијата ќе биде збогатена со музиќки настап на гитара на Станимир Ламбов, а ревијата е поддржана и финансирана од Министерството за култура на Република Македонија и е во реализација на Музејот од Куманово, од вишиот кустос етнолог м-р Анита Ѓорѓиевска.

Фото галерија од ревијата „Модните трендови и културата на живеењето од Ала Франга до современата мода“

© Radio Bravo - Kumanovo