• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!

Божиќ е најрадосен христијански празник.


Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божиќ е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето.
Исусовото раѓање е најзначајното случување во историјата на човековиот род, кое историјата ја дели на два периода: пред и по неговото раѓање.
Божиќ е домашен празник, затоа со Божик е поврзана и поговорката: “Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си”. Во црква се оди само на служба, а потоа се враќате дома, за заедно со семејството да го славите овој радосен ден, денот на Христовото раѓање – ден на радоста, мирот и добрата волја меѓу луѓето.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!
СРЕЌЕН БОЖИЌ!!!

© Radio Bravo - Kumanovo