• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

„Културен информатор“ го најавува вечерашниот хуманитарен концерт

БРАВО КУЛТУРЕН ИНФОРМАТОР кој е на програмата секој работан ден на радио Браво во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот, денеска го најавува хуманитарниот концерт за Александар и Мартина Додевски  во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот. За настанот, во БРАВО КУЛТУРЕН ИНФОРМАТОР зборува Оливера Трајковска, организатор и модератор на хуманитарниот концерт.

Александар и Мартина Додевски боледуваат од цироза на црниот дроб и за нивното лекување се потребни 100 илјади евра. На концертот ќе настапат: Андријана Јаневска, Дарко Тодоровски, Александар Богдановски, Мартинијан Кириловски и Dance Team „Fusion“. Билетот ќе чини 120 денари.

Koncert Martina Aleksandra 2

За сите кои сакаат да донираат парични средства тоа можат да го сторат на следниве телефонски броеви:
ОНЕ: 075 143 476
ВИП: 077 143 476
Т-Мобиле: 070 143 144
Можете да донирате и со уплата на парични средства на банкарска сметка.
Име: Јасмина Додевска
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Број на жиро сметка: 320500025832633

© Radio Bravo - Kumanovo