• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Поетска музичка вечер во чест на 8-ми Март

Вечерва, Здружението пензионери од градот, по повд 8-ми Март, Денот на жената, ја организира традиционално 15-та година по ред, својата поетско-музичката вечер.

Обраќање на Славица Ламбаша, претседателка на Комисијата за културни уметнички самодејности при Здружението на пензионери Куманово во Браво Културен Информатор, емитуван на 7-ми март, 2018-та година во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.


Отворена покана до сите заинтересирани упати Славица Ламбаша, претседателка на Комисијата за културни уметнички самодејности при Здружението на пензионери Куманово. На литературниот конкурс кој е од ревијален карактер се твореше на тема: „Како до сто години“. До Комисијата пристигнале 10 творби од кои 6 од поети и 4 од поетеси, членови на Здружението. Вечерва, посетителите ќе можат да ги слушнат творбите кои ќе бидат прочитани од авторите. Манифестацијата ќе биде збогатена и со изведба на музички точки од членовите на Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ со хорски и соло настапи со музички теми посветени на жената. Манифестацијата ќе започне во 18 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово, поранешно Кино Напредок.

© Radio Bravo - Kumanovo