• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Соопштение на Ф.К. Вардар


По дерби натпреварот од македонската фудбалска лига помеѓу Вардар и Работнички, Ф.К. Вардар испратии соопштение до нашиот медиум кој го пренесуваме во целост.

Почитувани подржувачи и претставници на сите субјекти.

Ф.K. Вардар не е клуб кој само кога губи бара виновник во играта, судиите , навивачите или пак надворешни организации.
Вардар денес е идеологија во која веруваат граѓаните на цела Македонија, на целата метропола.Идеја која го трасира патот кон европскиот фудбал.
Иако во минатиот период се соочувавме со притисоци од разни поединци и структури денес достоинствено би сакал да изразиме особена благодарност кон судијата за корекното судење и неговиот личен придонес кон создавање на европски македонски фудбал.
Денес бевме сведоци како двете екипи играа модерен фудбал, а Вардар имаше повеќе среќа.
Оваа концепција на соопштение не е искажување на нашата среќа за победата над градскиот ривал туку уште едне цврст доказ дека менаџментот секогаш ќе биде транспарентен и корекно ќе ги истакнува сите кои придонесуваат кон развој на македонскиот фудбал без свои субјективни дејствија, а и показател дека секогаш ќе се бориме и ќе ги истакнуваме сите неправди кои произлегуваат од разни консталации се со цел да се заштити традицијата и угледот на клубот кој имаме за цел и одговорност да го надградиме во европски Вардар.

Денес дирекно се заблагодаруваме кон навивачката група Комити кои покажаа на целата јавност и сите институции на системот инволвирани во фудбалот дека се група која знае да го почитува правниот поредок и со љубов да ја негува традицијата и спорстки да го подржува клубот. Комитите денес покажаа единство и цврста подршка кон клубот врз основа на што секогаш ќе има подршка од менаџментот при корекно и спортско навивање без прекршување на законите.
Денес Комитите докажаа дека нивниот углед и подршка кон клубот е силна и не може ниту една мала квази група под нивното име да го уништува развојот на клубот и да работи на штета на Вардар преку свои лични амтерско- профитерски цели.

© Radio Bravo - Kumanovo