• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ГИМНАЗИЈАДА во Куманово

Вкупно илјада ученици од 60 средни училишта од Република Македонија ќе бидат дел од овогодинешното издание на најголмата средношколска спортска манифестација „Гимназијада“ која ќе се одржи од 5-ти до 7-ми мај во Куманово. Свеченото отворање со голем музички хепенинг во кој учество ќе земаат над 300 ученици од Куманово ќе се одржи на 5-ти мај со почеток во 20 часот во Спортската сала во Куманово. Повеќе од изјавата на Жика Крстевски, претседател на организациониот одбор на Гимназијада 2016-та во Спортските Вести на Радио Браво во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.

Инаку оваа спортска манифестација се одржува во Куманово со поддршка на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт, општина Куманово и Федерацијата на училишниот спорт на Македонија.

Zika Krstevski

Целосното интервју со Жика Крстевски, претседател на организациониот одбор на Гимназијада 2016-та, можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу…

Вкупно илјада ученици од 60 средни училишта од Република Македонија ќе бидат дел од овогодинешното издание на најголмата средношколска спортска манифестација „Гимназијада“ која ќе се одржи од 5-ти до 7-ми мај.
Манифестацијата ќе се одржи под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Агенцијата за млади и спорт, како и Федерацијата на училиштен спорт на Република Македонија, а свеченото отворање со голем музички хепенинг во кој учество ќе земаат над 300 ученици од Куманово ќе се одржи на 5-ти мај со почеток во 20 часот во Спортската сала во Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo