• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

IN MEMORIAM Драгиша Димитријевски – Шипе

Со жалење ве известуваме дека на 07.01. 2013 год., по кратко боледување, почина актерот Драгиша Димитријевски- Шипе.
Роден е во Куманово на 06.04. 1956г. Својот актерски пат го започнува со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974год., а во 1979год., дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Тодорка Кондова. Од 1980г., тој е постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварува над сто и педесет актерски улоги. Освен по своите бројни актерски улоги, Драгиша Димитријевски- Шипе е познат на јавноста и како ликовен уметник со плодно творештво. Добитник е на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“ и на Ноемвриска награда на градот Куманово и од Друштвото на ликовни уметници – Куманово, своевремено, ја добива наградата за млад ликовен автор. Во последните неколку години тој е и уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“.
Погребот се изврши на 08.01.2013 во 15ч. на градските гробишта во Куманово.
Во среда, на 9-ти јануари, во 12ч., во театарот во Куманово се одржа комеморација.

© Radio Bravo - Kumanovo