• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Јавен Повик

за пројавување интерес за учество на граѓански организации во активностите на проектот “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓански организации и социјално претприемништво“

Проектот предвидуваучество на граѓанските организации од регионот на Куманово, Крива Паланка, Виница и Штип, во програми на обуки за зголемување на Вашите капацитети во делот на застапување, граѓански активизам, вмрежување, on-line поврзување, користење на нови технологии и подобрување на социјалната вклученост на ранливите групи.

Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра меѓусебна комуникација, да ги зголемат своите капацитети, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа.


Очекувани резултати од проектот:

  • Едуцирани тренери од најмалку 20 граѓански организации
  • Спроведени 4 мотивациски обуки
  • Спроведени 3 семинари за нови ИТ технологии (Е-мрежа, Е-трговија и Е-иновации)
  • Спроведени 2 обуки за социјално претприемништво
  • Најмалку 50 лица од ранлива категорија со подобрени меки вештини и квалификации
  • Изработена онлајн платформа за размена на информации
  • Спроведен Форум за социјално претприемништво
  • Најмалку 30 менторски консултации со целните групи за идентификување на можност и создавање на бизнис модел, како и за подготовка за интервју за работа

Доколку Вашата организација делува во целниот регион, Ве покануваме со задоволство да земете учество во проектот и да бидете дел од проектните активности.

Сите заинтересирани организации можат да се пријават на следните e-mail адреси: 4snetproject@gmail.com или razvojku@t.mk

Подетални информации за пријава во проектот можете да добиете и на телефоните 078 300 605 и 070 223809.

Повеќе информации за проектот, условите за учество и пријава за учество можете да најдете и на веб страната на Фондацијата за развој на МСП – Куманово www.rcku.org.mk

Предност ќе имаат оние организации кои делуваат во областа на застапување на правата на ранливите групи.

Проект”Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓански организации и социјално претприемништво” е финансиран од Европската Унија.

© Radio Bravo - Kumanovo