• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Полковник или покојник, Македонија или Словенија


Како и пред две години, Mакедонија одново е во 1/8-финалето на ракометниот мундијал. Но катарската приказна е поразлична од шпанската, кога однапред ни беше јасно колку можеме против Германија. Овој пат е поинаку. Против Словенија, 1/4-финалето ни е реално достижно. Македонија е на прагот на елитната светска осумка, којашто потоа носи и олимписки перспективи. Радио Браво беше во таборот на двете репрезентации и во продолжение очекувањата од денешната решавачка пресметка. Од Доха, за Радио Браво говорат селекторот Ивица Обрван, голманите Борко Ристовски и Петар Ангелов, како и бекот Наумче Мојсоски (во првиот дел од прилогот), додека од словенците ги имама изјавите на селекторот Борис Дениќ, крилото Драган Гајиќ, поранешниот играч на Вардар и Металург Миладин Козлина, голманот Пошт и најдобриот словенечки играч Милош Зорман…

© Radio Bravo - Kumanovo