• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

К.К. Куманово против К.К. Кожув во Гевгелија и на МРТ 1


Кошаркарите на КК Куманово на своето второ гостување во Супер лигата гостуваат на екипата на КК Кожув. Натпреварот се игра во вторник, 15-ти април во 17:30 часот со пренос на првиот програмски сервис на Македонската телевизија. По победата на повеќекратниот шампион КК Работнички, очекуваме нашите кошаркари предводени од стратегот Љубисав Луковиќ да забележат гостински триумф против директниот конкурент за едно од првите четири места кои водат во Final 4 разигрувањето.

Преостанатите две средби од 4-то коло се играат следниот ден. Се среќаваат Работнички – Лирија и Струмица – МЗТ Скопје Аеродром.

© Radio Bravo - Kumanovo