• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2014“ во Пелинце


Во Меморијалниот центар Пелинце, во тек е 40. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2014“. Годинава на колонијата учествуваат петнаесет уметници од Македонија, Белгија и Србија. Организаторите очекуваат плодна продукција, која произлегува од инспиративниот амбиент на просторот во кој ќе творат уметниците. Кумановската, заедно со прилепската и струмичката колонија, се вбројуваат меѓу најстарите во државата. Повеќе за колонијата во нашата Утринска програма говореше Драгана Спасовска, кустос во Уметничката галерија Куманово.

„За разлика од останатите креативни работилници кои се случуваат насекаде во државата и кои имаат само продуктивна цел, ние како организатори се обидуваме да им овозможиме и други содржини на учесниците, што подразбира посета на значајни археолошки локалитети, Пелинце, Градиште, Визијана, Кокино, многубројни цркви и манастири кои ќе придонесат за инспирација на уметниците, што неминовно влијае врз квалитетот на делата е дел од телефонското јавување на Драгана Спасовска.

© Radio Bravo - Kumanovo