• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Новогодишен базар во ООУ „Кочо Рацин“

Еден од настаните кои се дел од денешниот Браво културен информатор е и Новогодишниот базар кој ќе се одржи во холот на ООУ „Кочо Рацин“. За Базарот информира Ивана Ѓорѓиевска, представник за промоција и комуникација во училиштето.

Браво културен информатор, емитуван на 23-ти декември во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:25 часот

По повод престојните новогодишни празници, на 24 декември, четврток со почеток во 17часот,  ООУ ,,Кочо Рацин“ организира Новогодишен базар кој ќе се одржи во холот на училиштето, кој ќе има продажен карактер и ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители. На оваа манифестација ќе се најдат рачно изработени новогодишни украси од рацете на учениците и родителите кои што пак ќе бидат ставени на продажба. Покрај новогодишни украси ќе бидат понудени и домашно подготвени колачиња, не информираше Ивана Ѓорѓиевска, представник за промоција и комуникација во училиштето.

 

© Radio Bravo - Kumanovo