• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

11-ти Ноември, Куманово празнува

Куманово денеска го слави Денот на градот. На 11-ти ноември 1944 година, Куманово е ослободено од фашистичката војска.

Жестоки борби се воделе од 1-ви до 11-ти ноември, а во акциите за ослободување на Куманово учествувале две бригади од составот на Кумановската дивизија и батаљон на народоната одбрана. Особено тешки борби се воделе на северниот дел на градот и на приодите на Куманово. На 11 Ноември градот бил конечно ослободен, а народот ја прославил победата наредниот ден со голем митинг на Градскиот плоштад. Во четиригодишната крвава борба против моќниот фашистички непријател, учествувале над 2000 борци од кумановскиот регион, од кои 455 загинале по разни боишта низ целата земја. Куманово, градот првоборец даде и осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски Папучар, Христијан Тодоровски Карпош и Трајко Стојковски -Бузо.
По ослободувањето, Куманово забрзано ја испишува историјата на својот растеш. Градот се развива во модерен и значен стопански, културен и спортски центар на Балканот. Во Куманово живеат над 100 илјади жители од македонска, српска, албанска, ромска, турска и други националности.

© Radio Bravo - Kumanovo