• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Куманово за Скопје

Претставници на граѓани кои самоиницијативно се организираа на социјалната мрежа Facebook во јавната група КУМАНОВО ЗА СКОПЈЕ, собраа солидна количина на помош која денес на лице место ќе ја донираат на настраданите од поплавата во Скопје. Во утринско-информативната програма на Радио Браво „Започни го денот со Браво радио и супермаркет Туш, д-р Зоран Краљевски ја информира јавноста за активностите на овие волонтори организирани во групата КУМАНОВО ЗА СКОПЈЕ.

Првата помош од јавната група КУМАНОВО ЗА СКОПЈЕ ќе ја добие семејството од село Стајковци која ја прифати нашата сограѓанка Емилија Цветковска, која два часа се борела со водената стихија. Сторијата за Емилија Цветковска можете да ја прочитате тука.

© Radio Bravo - Kumanovo