• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Нов циклон во Македонија


Под влијание на циклонска активност во Медитеранот до сабота ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и во петок пообилни врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат и со пороен карактер, проследени со грмежи. Во овие два дена се очекува на места да наврнат и над 30 л/м2. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.

Времето денес претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилн врнежи ќе има во западните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 20 л/м2, особено претпладне. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Највисоката дневна температурата е во интервал од 6 до 11 степени. Европската метеослужба издаде предупредување од жолта фаза за најголемиот дел од Македонија за денешниот ден. Слично ќе биде и утре.

© Radio Bravo - Kumanovo