• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Резултаи од Општинскиот противпожарен квиз натпревар

Во просториите на Средното општинско училиште, Гимназија „Гоце Делчев“, во Куманово, вчера се одржа Општинскиот противпожарен квиз натпревар. Учениците по 32-ри пат го покажаа своето знаење од областа на противпожарна заштита на отворен простор и на урбани средини.На натпреварот учество зедоа ученици од екипи на кадети од основните училишта и категорија на јуниори од  средните училишта.

Часлав Јовановиќ, секретар на Противпожарен сојуз Куманово ги соопшти победниците од Општинскиот противпожарен квиз натпревар.

(емитувано во утринската – информативна програма на Радио Браво „Започни го денот со Браво радио и супермаркет Туш“)

Caslav-JovanovicTelefonПобедници од Општинскиот противпожарен квиз натпревар се учениците од Општинското основно училиште„КрстеМисирков“ и членовите од Противпожарното друштво во кои што членуваат исклучиво ученици од кумановската гимназија.
Победниците на Општинскиот противпожарен квиз натпревар ќе го претставуваат нашиот град на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 25-ти ноември во Куманово. Оваа година државниот натпревар ќе се одржи во Неготино.
Квиз-натпреварот го организира Сојузот за противпожарна заштита на РМ.

© Radio Bravo - Kumanovo