• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Осма година по ред на Месец на Спортот


Со денешната прес-конференција, која се случи во просториите на спортскиот центар „Форца“ , се најави уште една успешна приказна наречена Месец на спорт, која е најголемата спортска манифестација во Македонија која ќе се одржи од 15 мај до 30 јуни 2015 година, наменета за компаниите кои сакаат да го покажат спортскиот дух на своите вработени. Традиционално, по осми пат, во организација на Спортскиот центар „Форца“, компаниите ќе се натпреваруваат во 8 спортски дисциплини, а оваа година продолжува соработката со Спортскиот центар „Борис Трајковски“.


„Екипите од денеска може да се пријавуваат, а интересен е податокот дека оваа година е 8-то издание на „Месец на спорт”, на кое ќе се одржат многу натпревари, во 8 спортски дисциплини, на кои очекуваме да се натпреваруваат 888 натпреварувачи. Среќни сме што и оваа година натпреварите ќе се одржуваат во Спортскиот Центар Форца и Спортскиот Центар Борис Трајковски, местата каде што минатата година, за прв пат се случи ваква соработка. Фудбал, баскет, одбојка, куглање, пинг-понг, тим билдинг, картинг и пливање се категориите во кои екипите може да се пријавуваат. Станува збор за настан кој ќе трае повеќе од еден месец, а тоа е доволно екипите да се докажат и покажат во спортот во кој се најдобри. Спортскиот Центар Форца и Спортскиот Центар Борис Трајковски се местата каде што ќе се случуваат натпреварите и каде што екипите ќе ги мерат квалитетите во областа на спортот.- изјави Димитар Делевски, директор на Спортскиот Центар Форца и Директор на Месец на Спорт.”

„Месец на спортот” е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените.
„Ова е настан кој ќе ги обедини компаниите и бизнис единките кај нас. Повеќе од месец дена компаниите ќе може рекреативно да спортуваат и докажат кој во која спортска дисциплина е најдобар. Сигурен сум дека ова ќе биде и дополнителна забава за сите пријавени затоа што на овој начин можат да се дружат, рекреираат, забавуваат, спортуваат, но и натпреваруваат. Најдобрите нека победат. Изјави Младен Ѓуроски, претставник од Спортскиот Центар ,,Борис Трајковски”.

„Месецот на Спорт” започнува на 15-ти мај и ќе трае до 30 јуни. Пријавувањето на екипите започнува од денес.

© Radio Bravo - Kumanovo