• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ВАРДАРЕ, НЕ ТЕ ОСТАВАМЕ (Спортски вести)

Македонците уште еднаш покажаа дека живеат за ракометот, затоа што приредија уште една фантастична прослава во име на Вардар, кој вторпат во својата историја стана европски првак. Плоштадот во главниот град пулсираше во ритамот на „црвено-црните“, срцата биеја како едно и заедно се славеше до после полноќ. Атмосферата беше фантастична, а на крајот сите си посакаа уште подобра иднина и нова европска титула. Многу неизвесности беа надвиснати над името Вардар оваа сезона. Беспарица, распад, заминувања… Македонци, не дозволувајте овој Вардар да се распадне. Македонија живее за ракомет, а народот не заслужува такво нешто. Ваков „луд“ тим, мора да продолжи да „живее“ и понатаму да биде страв и трепет за Европa.


Спортски вести на Радио Браво, вторник, 4-ти јуни во 14:10; 16:40 и 19:10 часот

Ракометната федерација на Македонија испрати официјална честитка за новата европска шампионска титула на ракометарите на Вардар. „Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија. Нека вашата успешна приказна продолжи и понатаму…“ – се вели меѓу другото во честитката од РФМ.
Српските коментатори, Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ синоќа беа дел од прославата на плоштадот „Македонија” и им се поклонија на Вардарци за големиот подвиг и трофејот од Лигата на шампионите. Со емоциите кои тие ги внесуваа во натпреварите, ги освоија симпатиите на сите и станаа дел од „црвено-црното“ семејство. Па затоа добија шанса на бината да кажат нешто за големиот подвиг на Вардар и трофејот од Лигата на шампионите.
Медиумите од целиот регион пишуваат за Македонија и величествениот вчерашем пречек на нашите херои, ракометарите на Вардар. Иако пречекот беше лошо организиран од страна на градот Скопје, граѓаните на цела Македонија кои се собраа и ги дочекаа ракометарите на аеродромот, а потоа и на плоштадот, го направија пречекот грандиозен! И сето тоа не остана незабележано. Скопје славеше до раните утрински часови пишува српскиот портал Мондо. ?урка во Скоје на дочекот на европските шампиони е насловмата на Блиц. Еуфорија во Скопје. Илјадници навивачи ги дочекаа европските шампиони забележа новинската агенција Бета. Спортска Бајка на Вардар, голем пречек во Скопје е насловот на саревски репортер. Рековме дека попрво ќе умреме, отколку да изгубиме. И видовте што се случи го цитира хрватски Индекс вардаровиот германев Дисингер кој со една рака играше во Келн и одлучи да остане во Македонија.
Македонија, но и регионот искрено навива и верува дека вардаровата бајка мора да продолжи. Победуваат само оние што играат со цврст карактер, но и со големо срце.


Слична тема: Зошто регионот се радува на успехот на Вардар? (Спортски вести)

Слична тема: Срамно, навистина срамно!!!

© Radio Bravo - Kumanovo