• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

На Македонија и треба Вашата поддршка

Спортски вести, емитувани во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот на 6-ти октомври 2016-та година.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва пред своите навивачи го го има сефтето во квалификациите за СП 2018 во Русија. Израел е противникот против кого ќе треба да ги бараме првите бодови. Двете селекции засега се без бодовои, откако Македонија загуби на гости со 2:1 од Албанија, а Израел дома беше поразен со 3:1 од Италија. Македонија досега има одиграно три меча против Израел и за жал ги загуби сите три. Во квалификациите за ЕП 2008 година, Израел на два пати победуваше со по еден гол разлика. Во Скопје беше 2:1 за гостите, а Израел дома славеше со 1:0. Победа од 3:2 гостите забележаа и на пријателскиот дуел во 2002 година.

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски истакнува дека израелците се фаворити на хартија, натпреварот ќе биде тежок, но дека сите се концентрирани да дават максимум во потрага по добар резултат.

„Знаеме што нè очекува утре, мислам дека имавме доволно време да се подготвиме за спремни да влеземе во мечот. Резултатите на двете репрезентации во последно време не се добри. Во јавноста фаворитската улога се препушта на Израел, но јас не мислам да излеземе ние како аутсајдери. Ќе одиграме на максимум со сите наши можноста, со што би ја израдувале јавноста со добар резултат. Сè уште незнам со која тактика и кој тим ќе излезам утре, тоа ќе биде одлучено по вечерашниот тренинг“, вели селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.

Капитенот Горан Пандев се надоврзува со зборовите на селекторот, а додава дека иако противникот е добар и фаворит, сепак со помош на публиката може да се очекува позитивен епилог.

„Знаеме дека нè очекува дуел со една квалитетна селекција. Фаворити се Израелците, но ние добро се спремивме за овој дуел. Овие три дена добро работевме, имаме одлична атмосфера. Ги знаеме на противникот добрите и лошите работи во играта. Со помош на нашата публика можеме да направиме добар резултат“, изјави Пандев.

Македонските навивачи оддамна се немаат израдувано на успех на националниот тим. Израел е тим за респект, но не и селекција од која треба да се плашат. Време е да се почувствува победнички дух на „Филип Втори Арената“. Македонија може, а тоа играчите треба да го покажат на теренот вечерва, што би било одлична најава за наредниот дуел в недела, кога ќе гостува некогашниот светски и европски првак Италија.

На Македонија и треба Вашата поддршка за натпреварите со Израел и Италија, порачуваат и Маријана Станојковска, Дарко Спејко, Сашо Коцев, Зорица Црношија и други. Дојдете и навивајте за нашиот национален тим.

© Radio Bravo - Kumanovo