• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Радио Браво во Брест на SEHA Final4

Викендов ракометниот епицентар во Европа е насочен кон Брест, Белорусија. Најдобрите четири клубови во регионот ќе се натпреваруваат за титулата во СЕХА лигата. Покрај домаќинот Мешков, дел од СЕХА завршницата ќе бидат составите на Вардар, Веспрем и ППД Загреб. Од лице место, од Брест, за Спортските Вести на Радио Браво (според програмска шема: во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот), Бошко Тасиќ


Раул Гонзалез:  Јас сакам да се фокусирам на натпреварот. Игравме четири пати сезонава и двапати победивме. Не се знае кој е фаворит. Сигурно е само дека ќе играме максимално. Очекувам силен меч и неизвесен меч. И ние имаме доста играчи на располагање, и тие имаат исто така голем ростер. Играат добро 5-1 и 6-0. Треба да нападнеме добро, и да реализираме, зашто во спротивно ќе бидеме казнети. Сакам и јас да знам што би спремил тој ново. Нема многу време за да се менува, а можеби и ќе има некој новитет. Ќе видиме секако. Треба да ја почитуваме оваа екипа, двапати сезонава загубивме од нив.

Игор Карачиќ: Загреб има цврста одбрана, со Игор Вори на 5-1, едноставно ќе биде тешко како и секогаш. Два пати игравме во Сеха, два пати во ЛШ и имаме скор 2-2. Се работи за квалитетна екипа и сигурно ќе мора да дадеме се од себе да стигнеме до финалето. Треба да ја разбиеме нивната одбрана 5-1 и ќе многу полесно да го победиме Загреб. На последниот дуел од ЛШ најдовме рецепт за нив и така ќе играме и сега. Морам да признаам дека системот на Голужа не го познавам најдобро. Системот на Вујовиќ беше поинаков, таа екипа беше полетна, агресивноста и мотивацијата беше на првото, се надевам сега дека Голужа немал време да подготви нешто специјално за нас.

Алекс Душебаев: Мислам дека Загреб е одлична екипа. Хрватскиот тим има квалитетни млади играчи кои веќе одиграа квалитетни натпревари против нас, од друга страна имаат и искусни ракометари кои освоиле многу титули и знаат како се играат ваквите нокаут пресметки. Мислам дека утре мораме да одиграме најдобро што знаеме, ако сакаме да победиме. Најважно од се ќе биде да се подготвиме за нивната одбрана, која е многу цврста и тешка пробивна.

© Radio Bravo - Kumanovo