• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ракометарите во Гдањск по виза за Рио

Најдобрите македонски ракометари вечерва ќе го одиграат првиот меч на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Прв противник на „црвено-жолтите“ ќе биде домаќинот на турнирот, Полска. Дефанзивниот тандем Ацо Јоноски – Велко Маркоски е подготвен уште од самиот почеток добро физички во спортски жаргон, да се пресмета со домашната Полска.

Полјаците се релативно бавна селекција, која знаела да се парализира додека игра во напад, но само ако се пружи добра одбрана. Тоа автоматски ги лансира нашите крила, што е полесната алтернатива за постигнување голови.

Македонија нема што да загуби на мечот со фаворитот Полска, е клише кое од одамна го повторуваме. Сепак оваа генерација верува дека не треба така да се размислува и дека секој меч нуди исти опции за победа и доближување до целта.

Македонија нема што да загуби на мечот со фаворитот Полска е клише, кое од одамна го повторуваме. Сепак оваа генерација верува дека не треба така да се размислува и дека секој меч нуди исти опции за победа и доближување до целта.

Мечот Македонија – Полска ќе се одигра во „Ерго“ арена, во Гдањск, со почеток во 20:30 часот. Претходно, во 18 часот, турнирот ќе го отврат Тунис и Чиле. Сите натпревари од Гдањск во живо можете да ги следите на првиот, односно собранискиот канал на Македонската телевизија.

Во денешните Спортски Вести на Радио Браво пред почетокот на квалификацискиот турнир во Гдањск, ги слушаме изјавите на: Ацо Јоноски, Гоце Георгиевски, Немања Прибак, но и директорот на Скопскиот маратон, Кире Синадиновски.

На еден месец пред почетокот на 12-то издание од „Виз Ер Скопски Маратон“ има најава од организаторот дека годинава ќе биде најмасовен до сега. Веќе се пријавени повеќе од 4500 учесници од 38 земји од светот.

Стандардните трки, маратон кој се трча на патека долга 42км. и 195м., полумаратон кој пак е во должина од 21км. и 97м. и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат четири трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.

© Radio Bravo - Kumanovo