• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Реал – Манчестер… во Скопје, Македонија

Вечерва во 20:45 часот, на арената „Филип Втори“, во Македонија, во нејзиниот главен град, дуел на титаните. Екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе се соочат еден против друг во дуел за Суперкупот на Европа.

Спортски Вести, емитувани на Радио Браво на 8-ми август во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.


Откако стана првиот тим кој во две последователни години ја освоил Лигата на Шампионите, сега Реал ќе се обиде да го повтори постигнувањето на Милан од 1989 и 1990 година и да стане вториот тим со два последователни Суперкупа на Европа. Досега „кралевите“ имаа три признанија во витрините, но заостанува зад  Барселона, коај е со 5, колку што има и Милан.

Манчестер Јунајтед пак го кренал овој трофеј само еднаш досега, откако на два пати губи во финалниот дуел. Овој натпревар ќе биде специјален за менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, кој освен што ќе се соочи со својот поранешен клуб, ќе стане и првиот тренер кој ќе учествува во финалето на Суперкупот на Европа со трет различен тим.


Победниците од Лига на шампиони победиле во 22 од 41 претходни напревари од Супер купот. Шпанските тимови држат рекорд со најголем број победи – 13, што е за четири повеќе од Италија и шест повеќе од Англија. Барселона со победата во 2015 година е на исто ниво со Милан – по пет победи. Ливерпул и Реал Мадрид со три освоени супер куп трофеи се на второто, односно третото место.

Шест финални натпревари биле одлучени во продолженија, од кои оној во Прага, 2013-та година за првпат заврши со пенали. По регуларните 2-2, Баерн го победи Челзи со 5-4.

Најмногу голови постигнала Барселона во победата во 2015 година против Севилја со  5-4, а досега не се случило во финалето на Супер купот да нема голови.

© Radio Bravo - Kumanovo