• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Радио Браво во Брест: Вардар СЕХА шампион

Емитувано во Спортски вести на Радио Браво во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.

Вардар е првата екипа што трипати ја освојува регионалната СЕХА Газпром лига откако во финалето во Брест, ракометарите на Раул Гонзалес со 26-21 (11-11) го победија Веспрем. Од Брест, Белорусија, Бошко Тасиќ…


Арпад Штербик: Минатата сезона игравме добро, но во финалето ја зафркнавме работата. Сега дојдовме со желба да го победиме Веспрем. Најпрво се боревме за влез во Ф4 турнирот, по што се боревме и го освоивме. Сега не чека Фленсбург, тоа е еден од најдобрите тимови во светот. Комплетни се, знаат што играат и што сакаат. Првиот меч е за две недели, се надевам дека ќе го подигнеме нивото и ќе играме уште подобро. Имавме поголема желба од нив денеска, Веспрем малку се штедеше бидејќи наредната недела играат во финалето на унгарскиот Куп. Не е лесно да го победите Веспрем на пријателски натпревар, а камоли пак во финале.

Раул Гонзалез: Сакам да им речам благодарам на моите ракометари кои играа 100% против една одлична екипа како Веспрем и одличен тренер како Сабате. Се боревме до последниот атом и ја имаме СЕХА лигата и треба да уживаме во овој момент кој е за нас многу важен. Бевме мудри, мотивирани и мислам дека ако некој заслужи победа тоа вечерва беше Вардар. Многу среќа за Веспрем и се надевам дека ќе се квалификуваат на Ф4 од Лигата на шампионите во Келн.

Тимур Дибиров: Цела година работевме за овие победнички минути. Многу сме среќни. Благодарам до целата екипа, на голманите, одбраната, тренерите… да се победи тим како Веспрем мораш да дадеш 100 проценти од себе. Нема клучен момент, ние бевме сконцетрирани и посветени низ сите 60 минути.

© Radio Bravo - Kumanovo