• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ноќна атлетска трка во чест на Денот на градот

Емитувано во Спортски Вести на 10-ти ноември во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.

Вечерва, во чест на утрешниот празник, 11-ти Ноември, Денот на градот се одржува централниот спортски настан, Ноќна атлетска трка, Куманово 2017, во организација на Општинскиот сојузт на спортови на Куманово, Атлетската Федерација на Македонија и Атлетскиот клуб Куманово. Целата манифестација опфаќа вкупно пет трки , бидејќи учесниците че бидат поделени во возрасни категории. Учениците од основните училишта ќе трчаат на 400, односно 500 метри, средношколците – 800, женската трка е во должина од 3300 метри и главната трка, за мажи, е во должина од 5 километри. Повеќе за овој интересен спортски настан, кој во иднина би можел да биде и бренд на градот – од техничкот организатор, Филип Колевски, тренер во Атлетскиот клуб Куманово.


Улиците: Гоце Делчев, Плоштад Нова Југославија, 3-та МУБ, Народна Револуција, Ленинова и Доне Божинов, во периодот на одржување на трките, значи од 17:30 до 18:30 часот ќе бидат затворени за сообраќај.

© Radio Bravo - Kumanovo