• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонија на старт на светското ракометно првенство

Радио Браво во Мец, Франција. За Спортските вести на Радио Браво, Бошко Тасиќ:

Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра својот прв натпревар на 25-то Светско првенство. Подмладената репрезентација на Лино Червар во првото коло за противник го има Тунис. Со седум дебитанти, полни со ентузијазам и во позитивна атмосфера македонските репрезентативци го очекуваат првиот меч на 25-от ракометен Мундијал. Сите во таборот на националниот тим посакуваат реприза на дуелот на овие две репрезентации од пред две години на СП во Катар, кога Македонија со убедлива игра славеше 33:28. Од друга страна никој не сака да размислува за последното соочување кое Македонија и Тунис го имаа пред девет месеци, кога Тунижаните победија (32:26) и ја оневозможија нашата селекција да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Натпреварот Македонија – Тунис се игра во Мец, во рамките на Б група, а започнува во 17:45 часот. Денеска играат и  Словенија-Ангола (14 часот), односно Шпанија-Исланд (20:45 часот).

© Radio Bravo - Kumanovo