• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонија со Црна гора за заверка на вториот круг

Емитувано во Спортски Вести во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.


Македонската ракометна репрезентација, вечерва во 20:30 часот, во Арена Загреб, го игра вториот дуел на Европскиот шампионат во Хрватска. Противник ни е селекцијата на Црна Гора. Победа за „црвено жолтите“ ќе значи пласман во главната фаза и потврда на претстојот во Хрватска. Со пораз ќе треба да го очекува исходот од последното коло и дуелот со актуелниот првак Германија. Црна Гора пак во првото коло загуби од Германија и со нов неуспех ќе нема шанси за четвртфиналната фаза. Исто така, избраниците на селекторот Драган Ѓукиќ ќе се обидат да стигнат до прв триумф по 13 порази на европските порвенства. Оваа негативна серија на црногорците трае од далечната од 2008 година.
Ова е 49-та репрезентација против која ќе играме официјален натпревар на ЕП, СП, Олимписки квалификации и квалификации за европските и светските првенстава. Досега со Црногорците немаме одиграно официјален дуел, иако во многу наврати имаме играно пријателски натпревари. Лидерот во нашиот национален тим, капитенот Кирил Лазаров опоменува да се заборави дуелот со Словенија и концентрацијата да се насочи само на вечерашниот ривал ривал. Во пресрет на вечерашниот дуел во таборот на Македонија нема промена во составот. На повреда се жали Филип Миркуловски, што значи дека неговиот настап е неизвесен. Во составот на Црна Гора ќе има една промена и за денеска е пријавен Небојша Симиќ (голман). Да потсетам дека поради повреда првенството го пропушта играчот на Вардар Вуко Борозан.

Во првиот денешен натпревар од нашата група, два часа порано во загрепската арена се среќаваат Словценија и Германија. Словенците се во незгодна ситуација по непланираниот пораз од Македонија (24:25), додека брнителот на титулата Германија е на добар пат да се пласира во четвртфиналната фаза откако на стартот забележа триумф над Црна Гора. Пред две години на ЕП во Полска, двата тима играа меѓусебе во последниот меч од прелиминарната фаза и еден требаше да си оди дома. Тогаш Германија славеше со 25:21 и на крајот ја освои титулата а Словенија неочекувано рано го напушти Вроцлав.

EHF EURO Live Show

© Radio Bravo - Kumanovo