• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Пред Словенија, Бошко Тасиќ од Мец за Спортските вести

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра третиот натпревар на Светското првенство, противник е селекцијата на Словенија. Со две победи Македонија влегува во третото коло на мундијалот каде ќе ја има и најтешката задача, противник е незгодната селекција на Словенија која ја има фаворитската улога во овој двобој. Пред две години, на Светското првенство во Катар, Словенија ја победи Македонија со 30:28, помеѓу двата мундијала одигравме две подготвителни средби со оваа селекција кои завршија нерешено.

Спортски Вести на Радио Браво, емитувани на 16-ти јануари во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.

Натпревар помеѓу две селекции кои добро се познаваат и дуел на два легендарни тренери кои имале многу жестоки пресметки на терените пред македонската публика, Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Червар ја анализираше Словенија со јасно предавање на фаворитската улога. „Словенија е фаворит денес, мора да бидеме реални, колку тоа да не ни се допаѓа. Нивна силна страна се техничко-тактичката писменост на нивните средни играчи. Ги нема Зорман, Бомбач и Скубе, но тука се Безјак и Зарабец, кои се одлично технички потковани. Ако играме поцврсто во одбраната, тие не би имале многу простор. Ако правиме многу технички грешки, тие ќе не казнат, бидејќи имаат контра меѓу најдобрите во Европа. Забележав дека Словенците имаат ниска екипа, не се физички корпулентни и не ме импресионираат на физички план, колку што се добри и ме одушевија во креацијата и брзина“, смета нашиот селектор. Долгогодишниот тренер на Вардар Вујовиќ во пријателски амбиент разговараше со македонските новинари за претстојниот дуел: „Спортот е таков. На клупата на Македонија е еден извонреден стручњак и секако се сеќавате на нашите дуели. Лино направи добар резулатат со победата над Тунис. Поразениот останува со шанси за вториот круг“, изјави словенечкиот селектор.

© Radio Bravo - Kumanovo