• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

2 од 2 за Македонија, победа и над Црна Гора

Спортски Вести во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.


По голема борба и неизвесност македонските ракометари ја остварија и втората победа на Европското првенство во Загреб, откако славеа над Црна Гора со 29-28. Играч на натпреварот беше Филип Кузмановски со пет погодоци и сосема заслужен е прогласен за МВП на натпреварот. Голманот Борко Ристовски напоменува дека не е битно кој блескал, кој дал најмногу голови или кој имал клучна одбрана, најважно е дека Македонија победува и очекува уште подобри игри во продолжение од ЕП. Се рабира дека Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес е задоволен од максималниот учинок на ракометарите по првите две средби на првенството.

Македонија доминира на стартот од ова Европско првенство, па нашите репрезентативци неслучајно се наоѓаат и при врвот кога станува збор за статистичките показатели. Во Топ 10 стрелците има двајца Македонци, Дејан Манасков со 12 гола се наоѓа на делба на третото, додека Кире Лазаров со 11 погодоци ја дели седмата позиција. Кога станува збор за асистентите, тука импресивен е Филип Миркуловски, кој се наоѓа на делба на втората позиција со просек од 4,5 додавања по натпревар.

Денеска, на програмата на европското првенство се средбите од последното, трето коло во групите А и Б. Во А групаста, од 18:15 часот, против Исланд ќе бара победа од 4 гола разлика за пласман во вториот круг, додека од 20:30 часот, домаќините, Хрватска ќе треба да го завери првото место против Шведска. Во Б групата, во првиот термин играат Франција и Белорусија, додека во вечерниот пак ќе се сретнат репрезентациите на Норвешка и Австрија.


EHF EURO Live Show

© Radio Bravo - Kumanovo