• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонија против европскиот шампион за нови два бода

Спортски Вести на Радио Браво, секој работен ден во:12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.


Емитувано на Радио Браво во среда, 17-ти јануари, 2018-та година.


Македонската ракометна репрезентација против актуелниот европски шампион Германија вечерва ќе го одигра последниот меч од првата фаза на шампионатот во Хрватска. Двете селекции по првите две кола го обезбедија своето учество во втората фаза од натпреварувањето, така што денешниот меѓусебен дуел ќе претставува директна борба за пласман на првата позиција во групата, односно борба за што повеќе пренесени бодови во втората фаза во Вараждин. Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани два бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија. На Германците од друга страна, им зависи и исходот од втората средба во групата помеѓу Словенија и Црна Гора, со тоа што тие ја совладаа Црна Гора, но одиграа само нерешено со Словенија. Натпреварот Македонија – Германија почнува во 18:15 часот и ќе се игра во загребската Арена, а ќе го суди белоруската двојка Андреј Гушко и Сирхеј Репкин.

По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на Главната Група 2 во Вараждин. Влез меѓу 12-те најдобри ќе обезбедат уште победникот од мечот Словенија – Црна Гора кој ќе се игра во вечерниот термин од 20:30 часот, како и две од трите екипи од Д групата (Данска, Чешка или Унгарија) кои во последното коло ќе го одлучат конечниот пласман. Во оваа група, вечерва играат: Чешка – германија и Шпанија – Данска.

По завршувањето на третото коло во групите “А“ и “Б“, стана познато кои селекции ќе бидат дел од групата 1 во главната фаза, во која секоја репрезентација ќе одигра по уште три натпревари. Во оваа фаза, Шведска и Франција пренесоа по 4 бода, Хрватска и Норвешка – два, додека без бодови, во вториот круг ќе стартуваат Србија и Белорусија.

А, по завршувањето на главната фаза, првопласираните две селекции од групата 1 ќе играат во полуфинале со двете првопласирани селекции од групата 2, додека третопласираните селекции од групите 1 и 2 ќе настапат на натпреварот за 5-то место на Европското ракометно првенство за мажи.

EHF EURO Live Show

© Radio Bravo - Kumanovo