• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Шпанија како увертира за Исланд

Македонија денеска излегува на мегдан против силната Шпанија која важи за апсолутен фаворит во овој дуел. Со нерешениот резултат на Словенија и Тунис, Македонија синоќа го завери пласманот во осминафиналето, па сега целта е третата позиција до која може да се дојде преку Исланд. Од тука произлегува и дилемата, дали да се влезе максимално против Шпанија или да се сочуваат силите за натпреварот со Исланд кој го играме за помалку од 24 часа, во четврток со почеток од 17:45. А пред вечерашниот дуел со Шпанија кој започнува во 20:45 часот, од Мец со свој извештај и изјави од двата табора, македонскиот и шпанскиот, за Спортските Вести на Радио Браво, Бошко Тасиќ…

Со почеток од 20.45 часот вечерва, Македонија ќе го одигра својот четврти натпревар на Мундијалот во Франција. Следен ривал е Шпанија, која е голем фаворит против Македонија. И на овој меч Лино Червар одлучи на терен да ги има истите 16 играчи кои ги имаше и на претходните три средби, така што ќе нема промени и ќе треба со истите сили да се оди на што е можно подобар резултат. Во однос на повредата на Филип Миркуловски, има позитивни вести. Тој вечерва ќе проба да одмори за да не дојде до влошување, но доколку е потребно ќе биде на терен. Ќе треба да ги штеди силите за дуелот против Исланд, но јасно е дека не се работи за сериозна повреда, така што сигурно ќе биде во тимот и денеска и утре.

На вчерашниот, 7-ми натпреварувачки ден на СП во Франција, комплетирано е третото коло, а веќе се одиграа и неколку мечеви од четвртото. Меѓу нив, за нас најинтересниот беше Словенија и Тунис кои одиграа нерешено 28:28, со што македонската репрезентација се пласира во 1/8 финалето.

Резултати:

Група А (Nantes)
  • Норвешка 39:26 Бразил
  • Полска 26:25 Јапонија
  • Русија 24:35 Франција
Група Б (Metz)
  • Словенија 28:28 Тунис
  • Ангола 19:33 Исланд
Група Ц (Rouen)
  • Германија 38:24 Саудиска Арабија
Група Д (Paris)
  • Катар 21:17 Аргентина

Со денешните натпревари во групите Б, Ц и Д ќе се заокружат четирите кола во сите групи. Најинтересен се очекува да биде дуелот на Шведска со актуелниот светски вицепрвак Катар, додека Хрватска, Германија и Данска не би требале да имаат никакви проблеми да прокнижат нови победи.

ГРУПА Б, Мец

МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА   20.45 ч.

ГРУПА Ц, Руен

Саудиска Арабија – Унгарија, 14 часот

Белорусија – Германија,   17.45ч

Хрватска – Чиле    20.45ч

ГРУПА Д, Париз

Аргентина – Египет, 14 часот

Данска – Бахраин   17.45 ч.

Шведска – Катар

 

© Radio Bravo - Kumanovo