• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонија е 15-та во светот

Македонската ракометна репрезентација во саботата го завршти својот настап на Светското првенство во Франција а по вчерашнити последни осминафинални натпревари, нашиот национален тим заврши на 15-то место. Нашите ракометари во Катар пред две години беа деветти, во Хрватска пред осум години – 11-ти а имаат и едно 14-то и едно 18-то место. Македонија вкупно одигра шест меча. Победи два пати, еден меч го одигра нерешено, а загуби во три средби. Гол разликата е 163 дадени и 171 примен гол. Најзаслужни за овој резултат се искусните играчи, кои зад себе имаат неколку големи натпреварувања.

Капитенот Кирил Лазаров не само што е прв стрелец во нашата репрезентација, туку со 50 погодоци од 81 шут, е најдобар стрелец на шампионатот до сега. Сите 22 удари од пенал линијата ги шутираше Кире, а погоди дури 20 пати.

-Сега треба добро да се анализира, стручниот штаб ја има таа работа. Се надевам дека следува ЕП во Хрватска за нас. Се надевам дека ќе се пласираме таму иако нема да биде воопшто лесно. Но, малку да ги оладиме главите и да преспиеме, па ќе видиме. Завршивме како трети во тотално тешка група, игравме добро против Шпанија, имавме само ден пауза, па овој тежок меч со Норвешка. Немавме ширина едноставно, па дојдоа и повредите. Штета, изјави капитенот Лазаров.

© Radio Bravo - Kumanovo