• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Вечерва фудбал: Словенија – Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечер со почеток од 18 часот во Копер ќе и гостува на Словенија во пријателски натпревар. Во денешните Спортски вести, пред микрофонот на Бошко Тасиќ кој е во Копер говорат: македонскиот селектор Игор Ангеловски и репрезентативците Горан Пандев и Агим Ибраими.

Македонските репрезентативци во позитвна атмосфера и повторно предводени од Пандев ќе влезат во вечерашниот натпревар против Словенија. Селекторот Ангеловски нема проблеми со повредени фудбалери па ќе има слатки маки да ги избере стартните 11.
„Немаме повредени, сите играчи се здрави и ме радува добрата атмосфера во која работиме, фудбалерите се желни за настап и добар резултат. Во натпреварот влегуваме за да го добиеме, сакам офанзивен стил, да играме напаѓачки, тоа ќе го барам од фудбалерите“ – изјави Ангеловски.
По две ипол години во составот се враќа и Горан Пандев, неговото присуство треба дополнително да ги мотивира фудбалери за добра партија и позитивен резултат од Копер.
„Репрезентацијата за мене е светост, тешко ми беше кога не играв. Ме боли кога гледам на кое место сме. Тука сум сега да помогнам. Ми фалевте овие години, среќен сум што запознав и некои нови деца кои сега се во репрезентацијата“ – вели Пандев.
Македонија во Копер ќе ја брка четвртата победа против Словенија, до сега имаме три од три. Во 1993 победивме во Крањ со 4-1, година подоцна во Скопје славевме со 2-0. Во 2012 исто така во Скопје ги победивме Словенците со 3-2.

© Radio Bravo - Kumanovo