• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Спортски вести

Спортски вести на Радио Браво, секој работен ден во 12:20; 14:10, 16:40 и 19:10 часот.

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за новите натпревари во рамките на квалификациите за Светското првенство, започнува новата сезона на регионалната АБА кошаркарска лига, а вечерва во Скопје ни претстои кошаркарски спектакл, гостува европскиот вицешампион, Фенербахче. За овие теми, во денешните Спортски вести говорат: Игор Ангеловски, Емил Рајковиќ, Марин Докузовски и Владо Илиевски.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски за претстојните натпреварите со Израел и со Италија даде свое видување за спортските вести на Радио Браво. Тој истакна дека силно верува на играчите и очекува максимален ангажман за време на подготовките и натпреварите. Собирот на репрезентацијата е закажан за 3 октомври во Скопје. Натпреварот со Израел се игра на 6 октомври, а со Италија е на 9 октомври, двата на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот и 45 минути.

Македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје денес на гостувањето кај Црвена ѕвезда во Белград ја почнува новата сезона во регионалната АБА лига. За дуелот со бранителот на трофејот на „Јадранот“ и воопшто за амбициите во новата сезона за Радио Браво говори тренерот Емил Рајковиќ.

Кошаркарскиот клуб Работнички денес пославува 70 годишен јубилеј, а по тој повод  во арената „Борис Трајковски“ ќе одигра пријателски дуел со турскиот состав Фенербахче. Тренерот на Работнички Марин Докузовски, како и дел од играчите истакнаа дека им претставува оргомна чест што ќе можат против еден гигант како Фенербахче да го прослават јубилејот и да им приготват на навивачи кошаркарски спектакл.

© Radio Bravo - Kumanovo