• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

ВНИМАНИЕ!!! Топлотен бран…

Топлотниот бран кој ни дојде од Африка, никако да помине, напротив секој ден е се потопло и потопло. Во продолжениа, задолжително прочитајте ги препораките за заштита од топлотниот бран и можните ризици по здравјето при високите температури:

  • Пред употреба задолжитено миење на земјоделските, градинарските производи(свеж зеленчук и овошје)
  • Термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата да се загре на +100 степени.
  • Избегнувајте производи кои термички не се обработеним пр.мајонези од домашни јајца, а внимателно консумација на сладолед и разни кремови.
  • За време на топлиот период во денот(од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.
  • Носете светла и лесна облека,(запто светлите бои ја рефлектираат светлината) а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
  • Останете во затворени климатизирани простории(обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35степени целзиусови). Затворете ги прозорците и ролетните во текот на деноти,а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
  • Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
  • Внесувајте големо количество текност(не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
  • При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
  • Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.
  • Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
  • Хроничните болни, посебно тие со сдрцеви, невролошките и белодробните болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
  • Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку пто е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.
  • Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.
  • Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
  • Консултирајте се со својот доктор доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!
  • Ако некој член од Вашето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194!Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите;Остранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облози на вратот, пазувата и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;Мерете ја телесната температура.Не давајте терапија;Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, туку свртете го на страна.

    Детални информации за превземање заштитни мерки 

    Toploten Bran Merki za zastita

© Radio Bravo - Kumanovo