• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Започна учебната година


Новата учебна година започнува за 280 илјади основци и средношколци. Од нив, 20 илјади првачиња прв пат ќе седнат во училишните клупи. Учебната година започнува со новини за учениците од прво до трето оделение,засилени мерки поради жолтицата и најавениот штрајк на наставниците. Поради заразната жолтица има препораки учебната година децата да ја започнат со задолжително миење раце.

Во Куманово, во 16 оснавни училишта денеска тргнуваат 11.334 ученици кои ќе следат настава од прво до дветто одделение. И оваа година има помал број на ученици запишани во основните училишта споредено со минатогодишната учебна година. За разлика од основното образование во општина Куманово, расте бројката на запишани средношколци. На ниво на петте средни училишта новата учебна година започнува за над 6.200 ученици. И основните и средни училишта ги почитуваат препораките за презмање на превентивните мерки на надлежните за заштита од епидемијата на жолтица.

© Radio Bravo - Kumanovo