• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Вело-М доминантни на државното првенство


На 28 Јуни 2015 (недела) во Куманово се одржа Државно првенство во велосипедизам – друмско возење, на релација Куманово – Кратово – Жгури и обратно, а под покровителство на Градоначалникот и Совет на Општина Куманово, во организација на: Велосипедски клуб ВЕЛО-М Куманово, Велосипедска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови Куманово. На трката учествуваа најдобри велосипедски клубови и велосипедисти од нашата држава. Стартот и целта на трката беа пред рекреативниот спортски центар Кеј Куманово .Трката отпочна во 10 часот, а заврши со пристигнувањето на целта на велосипедистите во 14 часот. Трката ја отвори Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Г-дин Сашо Петрушевски.

© Radio Bravo - Kumanovo