• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Комплетирана донацијата од Жито Лукс на детското одделение во Кумановската болница

Компанијата Жито Лукс ја комплетираше донацијата во Детското одделение во Кумановската општа болница. Нови медицински апарати, постелнини и дополнителна опрема за потребите на одделението се доставени како резултат од  неколкумесечната донаторска кампања.

„Оваа донација, опремата и апаратурата и воопшто подобрувањето на ова одделение беше целта на повеќемесечната заложба и посветеност. Во нашата мисија не бевме сами и од започнувањето на кампањата па се до овој момент ја имавме целосната поддршка од граѓаните на Куманово, кои што ја прифатија нашата иницијатива и помогнаа во подобрување на условите во детското одделение. Тоа сведочи за нивната доверба за Жито Лукс, како производител и како компанијата што се грижи за животот на граѓаните и помага каде е потребно“, изјави Сашка Неделкова, проект менаџер во Жито Лукс.
zito-luks-donacija-2
Донаторската кампања преку којашто се издвојува средства од секој купен производ на Жито Лукс на територијата на Куманово и околината, беше поддржана и од локални организации и јавни личности како младата Мартија Станојковиќ.
„Донацијата е од големо значење за нас. Условите за работа, но и изгледот на одделението се значително подобрени но најважно од се е тоа што на децата ќе им биде овозможена подобра и побрза медицинска нега и грижа. За тоа сме подеднакво благодарни и на нашите сограѓани а и на Жито Лукс, и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример“, изјави Ариф Љатифи, директор на Општата болница во Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo