• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жито Лукс со кампања за опремување на Детското одделение во Кумановската болница

Вчера започа донаторска акција за опремување на Детското одделение во Општата болница во Куманово, иницирана од најголемиот македонски производител на леб и брашно, Жито Лукс. Во следните три месеци, со секој купен производ на Жито Лукс во Куманово, компанијата ќе одвојува средства кои ќе се донираат за детското одделение.

(емитувано во Вести на Радио Браво на 21 септември 2016-та година)

„Целта на оваа хуманитарна акција е заедно со граѓаните на Куманово да помогнеме детското одделение во општата болница да добие подобри услови за лекување на најмалите. Неодамна организиравме ваква хуманитарна кампања заедно со граѓаните на Тетово и таа помош беше повеќе од добредојдена. Затоа верувам дека и овој пат ќе успееме и се надевам дека барем малку ќе го олесниме престојот за децата кои се лекуваат во Кумановската општа болница”, истакна Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Жито Лукс преку ваквите хуманитарни кампањи се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти. Нивната општествена одговорност и грижата за заедницата се покажува како еден од приоритетите во работењето и ветува продолжување на ваквите акции што имаат улога да придонесат за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

zito-luks-martija

© Radio Bravo - Kumanovo