• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Пристигна првиот дел од донацијата од кампањата на „Жито Лукс“

Вести на Радио Браво, на почеток на секој час од 08 до 19 часот, секој работен ден.

Првиот дел од донацијата од кампањата на Жито Лукс пристигна во Кумановската општа болница. Детското одделение во оваа болница доби дел од потребните апарати што вклучува четири инхалатори, аспиратор, ЕКГ апарат, како и дополнителни опрема за потребите на одделението. Донаторската кампања чија цел е создавање на подобри услови за лекување на децата, е иницијатива на компанијата Жито Лукс, којашто издвојува средства од секој купен производ на компанијата на територијата на Куманово.

„При спроведување на оваа кампања, покрај донацијата од компанијата подеднакво важно ни беше и подигање на свеста кај локалното население и нивно активно вклучување во создавање на позитивни промени за општо добро. Пристигнувањето на првиот дел од донацијата во толку краток период е доказ дека сите заедно, и ние како компанија и граѓаните на Куманово се обединуваме под заедничка цел и создавање на подобри услови за лекување и престој. Тоа, за нас е и мотив да продолжиме со истите активности и придонесеме за поголеми промени“, изјави Сашка Неделкова, продукт менаџер во Жито Лукс.

Кампањата што започна пред еден месец, ќе се одвива и во следниот период со уште една последователна донација.

„Состојбата на детското одделение е доказ за потребата од вакви акции и затоа иницијатива и заложбата на Жито Лукс е за поздрав. Новата опрема ќе придонесе за големо подобрување на детското одделение и олеснување на нашата работа, но со нетрпение ја очекуваме и следната и се надеваме на исто толку голема поддршка за кампањата од нашите сограѓани“, изјави Александра Христова, специјалист педијатар во Детското одделение при Општата болница во Куманово.

Компанијата Жито Лукс континуирано вложува и се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти и во заедницата во целост.

zito-luks-donacija-3 zito-luks-donacija-1 zito-luks-donacija-2

© Radio Bravo - Kumanovo