• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Соопштение на ЗПММ како реакција на забраната на ЗАМП

Здружението на приватните медиуми на Република Македонија ЗПММ испрати официјалното соопштение до АВМУ, Министерство за култура на РМ, Влада на РМ, ЗАМП, ММИ и медиумите, во врска со забраната од страна на ЗАМП за емитување на авторски дела од репертоарот на ЗАМП од 19.09.2016 година.

„ По последната забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од страна на ЗАМП (бр. 493-1-0201 од 19.09.2016 година) со која СЕ СТАВААТ ВОН СИЛА, издадените дозволи од ЗАМП на Трговско Радиодифузните друштва за јавно емитување на авторски музички дела по пат на Радиодифузно емитување и со која СЕ ЗАБРАНУВА емитување на авторски музички дела по пат на радио-дифузно емитување од репертоарот на ЗАМП, Ви ја доставуваме реакцијата од страна на Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ).

Во дописот стои дека децидно се ЗАБРАНУВА емитување на авторски музички дела по пат на радио-дифузно емитување од репертоарот на ЗАМП почнувајќи од 20.09.2016 година.

Со оглед на законската обврска за емитување на одреден процент на македонска музика на медиумите во РМ, Ве информираме дека со оваа забрана, а со оглед на бројката на авторите и делата кои се забранети, дека членовите на ЗПММ нема да можат да ја исполнат законската обврска, пред се` поради премалиот број на песни кои останаа и кои можат да се емитуваат.

Ве молиме, ВО НАЈИТНО ВРЕМЕ, да ни обезбедите услови за да можеме да ги исполниме нашите законски обврски, кои сме ги прифатиле и кои ги почитуваме за заштита, промоција и негување на македонската музика.

Во спротивно, како Здружение, ќе им посочиме на нашите членови, комплетно да ја тргнат од своите програми македонската музика, се` до комплетното средување на работите и односите во оваа исклучително важна област.

Ве молиме за ИТНА реакција и да ни се обезбедат потребните услови за нормална работа.

Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) е мнозинското здружение во државава, во кое членуваат над 80% од сите медиуми во државава и е формирано од сопствениците или главните уредници на најголемиот дел од локалните медиуми од целата држава“ стои во соопштенеито на Здружение на приватните медиуми на РМ (ЗПММ).

Забраната за емитување на македонска музика ја разбранува естрадата во Македонија. Подолу се реакциите на Тамара и Нина Јанева на социјалните мрежи:

zabrana-reakcija

© Radio Bravo - Kumanovo