Последниот Браво хит за оваа година е нумерата ‘Je Voyage‘ на 22-годишната пејачка и танчерка од Париз, Coral. Прекрасниот глас и совршената мелодија го продолжува летниот дух и во текот на овој декември. По неколку водечки улоги во неколку мјузикли и повеќе од 600 настапи низ светот, таа одлучи да започне соло кариера. На 15. јуни оваа година го објави деби ЕР (мини албумот) ‘Ta résolution‘ со пет нумери, a во последно време соработува со познати меѓународни диџеи, Dj Regi од Белгија како и со холандското дуо Karibu.