• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Немања Ѓориќ, освојувач на „Распеани срца“

Денеска во Радио Браво гостин ни е идната ѕвезда на македонската музичка сцена. Има 11-ет години и веќе е победник на еден музички фестивал. Во продолжение, слушнето го разговорот и почуствувајте ја харизмата со која ја освои целата екипа на Радио Браво. Немања Ѓориќ!!!

На 17-ти септември во Штип се одржа детскиот фестивал„Распеани срца“. На истиот, настапи Немања Ѓуриќ, ученик во ООУ „Христијан Карпош“ од шесто одделение. Немања Ѓориќ ја испеа песничката „Поглед ти испратив“ со која го освои првото место од жири комисијата, а се закити и со третата награда од публиката.

Во блиска иднина победничката песна ќе добие и видео запис. Како награда од фестивалот, Немања Ѓориќ ќе замине на турнеја во Србија заедно со организаторот на фестивалот „Распеани срца“, Баже Џоџев и неговиот ансамбл а се подготвува и за настапот на новогодишниот фестивал „Песни под елка“ кој исто така ќе се одржи во Штип.

© Radio Bravo - Kumanovo