• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Милан и Филип од Атлетски Клуб Куманово

Во разговорот со претставниците од Атлетскиот клуб Куманово, тренерот Филип Колевски и најдобриот атлетичар Милан Вељковиќ, се запознавме со успесите на најдобриот атлетски клуб во државата, а пред се со најистакнатиот член, нашиот гостин, Милан Вељковиќ.

А повод за овој разговор е петтиот атлетски митинг „11 Октомври“ кој на атлетската патека во Соколана ќе ги собере сите атлетичари рекреативци и професионалци, членови на Атлетски клубови од целата држава, како и гости од атлетската велесила, соседна Бугарија. Настанот е во недела, 8-ми септември и е во организација на Атлетски клуб Куманово, а со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови и Атлетската федерација на Македонија.


Атлетичарот Милан Вељковиќ, оваа година настапи на повеќе меѓународни натпревари. Најбитните се: балканското првенство до 17 години во Истанбул, балканското првенство до 19 години во Питешти и балканското првенство за сениори во Нови Пазар, Србија. Најбитниот натпревар беше европското првенство до 19 години кое се одржа во Гросето, Италија каде што тој беше единствениот машки репрезентативец на Македонија. На првенството, Милан настапи во дисциплината 110 метри со пречки. Вредни натпревари да се спомнат исто така се и европскиот куп за сениори во Малта и атлетскиот митинг во Белград, каде тој го подобри државниот рекорд за под 18 години, во дисциплината 110 метри со пречки. Тоа му беше прв од вкупно трите рекорди кои ги постигна оваа година во „неговата“ дисциплина.


Атлетскиот Клуб Куманово имаше напорна и успешна сезона која се ближи при крајот. Клубот зема успешно учество на сите државни првенства во сите категории на возраст и во секоја категорија има златни медаљи, односно државни прваци. Имаа членови репрезентативци на сите Балкански првенства:

Балканско првенство за младинци во сала ( Истанбул) , Балканско првенство во сала за сениори ( Белград), Балканско првенство за млади младинци ( Истанбул), Балканско првенство за младинци ( Питешти), Балканско првенство за сениори ( Нови Пазар) како и на Европскиот куп во Малта.

  • Репрезентативци во тимот под 18 год. беа: Милан Вељковиќ, Влатко Петровски, Иван Тимчевски ;
  • Репрезентативци во тимот под 20 год беа: Милан Вељковиќ, Дамјан Јаневски, Никола Стојановиќ, Иван Тимчевски ;
  • Репрезентативци во сениорскиот тим беа: Матеја Ефремовска, Катерина Тимчевска, Марјан Нојковски, Милан Вељковиќ.

 

На најважниот натпревар Европскиот куп во Малта со своите резултати придонесоа за повеќе поени за подобар пласман на националниот тим.

Исто така оваа година после завршување на екипните натревари на државно ниво, АК Куманово завршува како  првопласиран клуб, што значи 4-сезона по ред е најдобар во државата.

Гостувањето во емисијата тренерот Филип Колевски го искористи и да го најави  Атлетскиот Митинг „11 Октомври“ кој ќе се одржи оваа недела ( 08 октомври) со почеток во 12 часот и каде што ќе проследиме повеќе интересни натпревари. Ќе има трки за учениците од основните училишта,  Главната програма натпревари за атлетските клубови, рекреативна програма трка за неатлетичари на 1000м и Фамилијарната штафета 3х200м. Сите спортски ентузијасти и рекреативци, деца и родители се добродојдени.

И оваа година Атлетскиот митинг ќе биде Меѓународен, се очекува гостување на јаки атлетичари од клубови од Бугарија.

За поуспешна организација покрај АК Куманово ќе се допринесат и Сојузот на спортови на Куманово и Атлетската федерација на Македонија.

© Radio Bravo - Kumanovo