• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Александар Богдановски со нова песна насловена „Во вечноста“

Уште една музичка промоција во радио Браво. Денеска, нашиот сограѓанин Александар Богдановски во разговорот што следува, ја промовира песната „Во вечноста“.

Александар Богдановски повторно не почести со нов музички сингл, но овој пат го изостави мирниот тон на балади и го слушаме во поинаков стил.С танува збор за песната „Во вечноста“ на грчкиот композитор Анастасиос Папанастасиу. Анастасиос се погрижи и за музиката, аранжманот и се појавува како продуцент. Текстот за „Во вечноста“ го напиша Светлана Антевска. Богдановски својата успешна соработка со Папанастасиу ја докажа и со претходната музичка нумера „Наскоро доаѓа Божиќ“. Овој проверен тим продолжува да работи на нови две песни за кои Александар посочи дека треба да ги очекуваме летово.

Александар Богдановски ни откри дека песната „Во вечноста“е снимена во грчкото студио Немезис, а за истата е снимен и видео запис во продукција на ТВ Плус,  во режија и сценарио на Ивана Аткинс.

Слични теми:

Промоција на новата песна на Александар Богдановски

Александар Богдановски – Наскоро доаѓа Божиќ (Премиера Хит)

© Radio Bravo - Kumanovo