• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Александра Цветковска од “Центар за Интеркултурен Дијалог”

Здружението “Центар за Интеркултурен Дијалог” од Куманово, во партнерство со здружението “Без граници 21 век” од Бугарија го спроведуваат 15-от месечен проект “Shift -> кон онлајн и офлајн заедница за претприемништво” , проект ко-финансиаран од ЕУ преку ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Повеќе за Проектот, од разговорот со проект-менаџерот, Александра Цветковска.


На 31.10.2017 година, во рамките на проектот започна со спроведување на Патувачкиот Претпримнички Караван во Куманово . Главната цел на караванот е да се понудат работилници кои ќе работат на градење на капацитетите на локалните заедници, како и да им се обезбеди можност за развивање на претприемачките вештини, знаење и компетенции. Претприемничкиот Караван се состои од формален и неформален дел . Формалниот дел беше преточен во “Локални средби за социјално претприемништво ” кој се одржа во кружната сала во Комитет – Куманово на кој беа поканети претставници од сектор за Агенција за Вработување , претставници од Локална самоуправа , Граѓанскиот сектор , Бизнис сектор, претставници од високо образовни институции како и други чинители кои ја засегаат оваа тематика . На оваа средба беше разговарано за социјалното претпримништво на локлано тло. Претсавени и презентирани беа и позитивни примери произлезени како резултат од претходните активности спроведени од овој проект . Посебен акцент беше ставен на прирачникот кој беше развиен во текот на проектот “Брошура за социјално Претприемништво ”. Оваа средба послужи и како платформа за вмрежувње и зајакнување на постоечките сорабтки помеѓу различни чинители. Неформалниот дел се состоеше од низа интеркативни работилници на теми : социјално претприемништво, комуникациски вештини и проект менаџмент . Интерактивните работилници се одржаа во Младинскиот центар МултиКулти . Целната група се млади лица од 18-30 годишна возраст . Интерактивните работилници беа директно прикачени на платформата со лајф стреминг се со цел младите и другите засгнати кои неможеа да присуствуваат на оваа работлница да имаат можност да ја следат онлајн. Следејќи ја истата методолигија “Патувачкиот Претприемнички Караван понатаму продолжува со својата мисија во Штип на 06.11.2017 и Крива Паланка на 08.11.2017 година .


 

© Radio Bravo - Kumanovo