• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Промоција на „Ехо на слободата” на новинарката Ана Јовковска

Денес, во 20 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” ќе се одржи промоција на новата книга „Ехо на слободата” на авторката и новинарка Ана Јовковска.

Децентрализацијата на културата не е само мерка, таа е секојдневна активност на терен меѓу луѓето жедни за култура и уметностa. Книгата е издание на Издавачки центар „Три” поддржано од Министерство за култура на PМ. Промотор во Куманово ќе биде писателот и професор Александар Прокопиев. Илустрацијата на корицата е на уметникот Ване Костуранов.
Книгата „Ехо на слободата” е во ТОП 5 најпродавани книги на Саем на книгата во Скопје. Првиот тираж е веќе распродаден во рекорден период од месец и половина. Во Куманово, Јовковска и „Три” ќе пристинат со нов тазе испечатен тираж.

Телефонско интервју со Ана Јовковска, авторка на книгата „Ехо на слободата”.


Нејзините почетоци како тв лице се од 1994 година и низ дваесет години континуирана работа пред камерите во различни телевизиски проекти, направила преку 1000 интервјуа со личности од различни професии од јавниот живот. Во нејзината авторска тв емисија “Пулс”, која се емитува од 2007 година, го промислува и анализира духот на времето и ги артикулира критичките ставови и мислечките луѓе во општеството. Со “Пулс” Јовковска ги внесе важните културолошки, филозофски и политички теми во најгледаните (prime-time) термини на телевизија. Низ поинаква тв естетика и специфичен режисерски потпис, го крши класичниот новинарски израз и нуди подлабока тв поетика. Неколку пати е наградувана за најдобар тв проект во Македонија. Авторка е на повеќе текстови од областа на медиумите, културните идентитети, креативните индустрии, родовите студии, филмот и друго, а како магистрант по комуникации, учествувала и во неколку научни истражувања од областа на комуникологијата и културните студии.

Во полето на активизмот е иницијаторка и учесничка во различни граѓански иницијативи, социјални движења и протести за човекови права, екологија, анти-национализам, социјална правда, права на маргинализирани групи, права на животните и др. Организирала и поддржала голем број хуманитарни настани. Учествувала на различни фестивали и многу пати била панелистка и модераторка на трибини и јавни собири.

© Radio Bravo - Kumanovo