• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Првенче на младата поетеса Ана Љубиќ

Во понеделник, на 26-ти март во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во 19:30 часот е закажана промоција на книгата  „Ловец  на соништа“ од младата авторка Ана Љубиќ.

Ана е ученичка во 3-та година, во средното стручно училиште „Наце Буѓони“, медицинска насока.

Интервју со Ана Љубиќ, автор на „Ловец  на соништа“

Книгата е составена од 59 песни, напишани на 86 страници. Рецезент на книгата е Сашо Костовски кој има свој удел во избор на насловот на самата книга чија промоција со нетрпение го очекуваме.

– Сакам да пишувам за љубовта, за неотстварените желби, за секојдневието, за соништата… Пишувам од мали нозе и ова ми и е прва објавена книга, а во подготовка е и втората, но објавувањето ќе зависи од финансиите, бидејќи и за оваа ја имав помошта само од моето семејство,  ни ја објасни поетската стварност, младата уметничка Ана Љубиќ.


© Radio Bravo - Kumanovo