• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Анастасија Богдановска со своја желба…

Во „Имам желба“, Богдановска пишува за нејзината единствена желба . А која е? Слушнете во разговорот со Анастасија и нејзиниот професор, Николче Јакимовски.

На 22 и 23 април во Радовиш се одржа детски литературен фестивал „Ракатки“ . Учениците твореа и пишуваа на темата  „Имам желба“. Анастасија Богдановска од IX-2  одделение од  ОУ „Вук  Караџиќ“, Куманово со својот автобиографски есеј се закити со третата награда на Фестивалот на кој учествуваа ученици од целава држава.


Професорот Јакимовски, видливо задоволен од добиената награда на неговата ученичка, а пред се од позитивните реакции откако беше презентирана на Фестивалот,  ни рече дека секогаш се може повеќе. А веќе на  6-ти мај, во сабота, во просториите на ОУ„11 Октомври“ ќе се одржи регионалниот натпревар по македонски јазик на кој повторно избор на професорот Јакимовски е ученичката Анастасија Богдановска, која ќе го претставува ОУ „Вук  Караџиќ“. Многу среќа Анастасија, на тебе и на сестра ти, од екипата на Радио Браво! 


Во просториите на Радио Браво гости ни беа учениците од  ОУ „Вук  Караџиќ“ под менторство на професорот по македонски јазик од училиштето,Николче Јакимовски.

© Radio Bravo - Kumanovo