• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Анита Ѓорѓиеска со нова изложба

М-р Анита Ѓорѓиеска, заедно со Милица Пешевска Андоновска, се автори на изложбата „Градски вез, традиционалното и европското“, која ќе биде отворена на 13-ти октомври во 19 часот во НУ Галерија, Куманово.

По тој повод, гостинка во радио Браво е Анита Ѓорѓиеска, чие интервју можете, во целост, да го слушнете и погледнете со кликање на плеерите подолу…


Градскиот вез, како културно наследство и значајно народно уметничко творештво има вековна традиција. Главен носител на везбената уметност е жената која била поврзана со старите традиции на својата средина, која со векови го пренесувала своето умеење и искуство од поколение на покопение што е впрочем карактеристично и за сите други појави од народната култура. Најчесто градскиот вез егзистирал како традиционален украс на ткаениците,депови од носијата, каде што естетските сфаќања и уметничките доживувања на неговиот творец, преку орнаментот, техниката и бојата го нашле својот најадекватен и најкарактеристичен израз, а пак од друга страна се одржувал како специфично одбепежје на народната култура што носи печат на старите културни традиции.

Почетокот на 20 век, 30-те години ќе се отвори и првата Женска Раденичка школа во Куманово, каде ќе се образуваат во однос на рачната изработка во различни техники на изработка на чипка, плетење, шиење и изработка на разпични видови везови. Особено внимание се посвеryвапо на традиционалниот вез и инспирирање на народните везови на материјалите, а воедно се обрнувало внимание на традицијата и уметничките стилови на Европа Со помош на набавување на часописи од Виена, Пешта и Париз било овозможено и запознавање со европските мотиви. Мотивите за вез бипе набавувани и кај занаетчии трукераји кои се занимавапе со изработка или набавување примероци за вез и нивно пренесување на платно. Трукерајите имапе свои збирки кои ги користеле во изработка на мостри за вез кои ги отиснувале на платно. Самата постапка на трукерај потекнува од терминот врзан за германскиот збор – drucken, кој значи печатење. Најчесто мострите биле набавувани од Виена и Пешта.



 

© Radio Bravo - Kumanovo