• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

„Априлски денови“… повторно со Дарко и Данијела

На 8-ми април ,во сабота, со почеток во 18 часот, на плоштадот во селото Старо Нагоричане, трета година по ред,  КУД „Карпош“ ја организира манифестација „Априлски денови“. Претставниците на друштвото,  Дарко Петковски и Данијела Димитријевиќ, ветуваат прекрасна вечер, исполнета со игра и песна.


Нашите гости Дарко Петковски и Данијела Димитријевиќ, членови на КУД „Карпош“  ги претставија и гостите на концертот: ФА „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје, КУД „Врелац“ од Врањска Бања, КУД „Др. Никола Јанковиќ – Нинџа“, а листата на гостите, односно учесниците се уште не е комплетирана, па така може да очекувате многубројни изненадување.

© Radio Bravo - Kumanovo